Пишува: м-р Свето Тоевски
Фрау Аналена Бербок, јас, ние, Македонците сме народ не со ѕвездичка пред нашето триилјадалетно име, туку сме Македонци со Сонцето од Кутлеш пред нашето име! Вам, кои од „големите европски височини“ не понижувате и кои однадвор доаѓате да ни го менувате Уставот, да ни водите политика, вам, на Ескобар, на Урсула Лаен, Оливер Вархеи, на Жозеп Борел, ќе ви кажам кои сме ние Македонците, приведувајќи ви ги на ум и на помнење зборовите, кои нашиот Водач Делчев им го кажа на врховистичкиот генерал Николаев и на „санстефанските Бугари“ уште во 1896 година:
„Ние сме селаните, македонското население, народот. Ние не ќе им дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога! Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека…Гледам дека вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат… Знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари!”
Фрау Бербок, ние Македонците нема да ви дозволиме вие да решавате дали да живееме, или да умреме и кога! Ние, Македонците никому нема да му да дозволиме да го менува нашиот Устав и да не смета како „европски добиток“, кој треба да се однесе во „великобугарската касапница“! Ние, Македонците нема да ви дозволиме вам и кому било друг да прават политика со нас како македонски народ и со нашата татковина Македонија! Македонската цивилизација е многу подревна од европската, македонската цивилизација блескаше со сиот свој сјај векови и векови уште пред средновековното мракобесие кога Готите, Саксонците, Норманите и другите предци на вас, сегашниве европски народи, живееја и се убиваа како диви орди низ европскиот континент! ЕУ ќе пропадне, но Македонија нема да пропадне и ќе продолжи да опстојува!
Дали сме ние, Македонците, навистина народот со Сонцето од Кутлеш пред своето име?! Денешната македонска нација е директен наследник на древномакедонскиот етницитет – оваа непобитна научно поткрепена констатација произлезе од обемните високопрецизни научни компаративни истражувања на реномираниот институт за генетика „Игенеа“ („iGENEA“) од Швајцарија. Студијата за генетско мапирање на Европа, изработена од овој институт, недвосмислено ја потврди и прецизно ја дефинира генетската припадност на денешните Македонци. Македонците во својот генетски профил го покажаа своето директно потекло од античките Македонци, кое во гените на денешниот македонски народ учествува со највисоки 30 проценти. Според оваа студија, Грците имаат само пет проценти во својот генетски профил од античките Македонци! Резултатите од студијата беа објавени во 2008 година на веб-страницата на „Игенеа.
Професорот Антонио Арнаиз – Вилења од Катедрата за имунологија и молекуларна биологија на Универзитетот „Комплутенсе“ од Мадрид, Шпанија со уште девет други меѓународни автори објавил научен труд под наслов „ХЛА гени кај Македонците и субсахарското потекло на Грците“ во 2001 година. Во заклучниот дел од тој научен труд пишува: „Нашите резултати покажуваат дека Македонците се поврзани со другите Медитеранци и не покажуваат блиски односи со Грците… Ова ja поддржува теоријата дека Македонците се еден од најстарите народи, кој постои на Балканскиот полуостров, веројатно многу пред пристигнувањето на Микејските Грци околу 2000 година пред нашата ера. … Културниот, историскиот и генетскиот идентитет на Македонците се утврдува според нашите резултати. На големо изненадување, причината зошто Грците не покажаа блиска поврзаност со сите други анализирани Медитеранци e нивната генетска врска со субсахарските етнички групи, кои сега живеат во Етиопија, Судан и Западна Африка (Буркина-Фасо)“!
Денес се зачувани и познати се само околу 150 античкомакедонски глоси (зборови, изрази), но, постојат сознанија и од извесен број антички извори за зборовите и изразите од античкиот македонски јазик. Меѓу нив се и Лексиконот, односно, Речникот на Хесихиј Александриски од V век, кој содржи околу 700 зборови и имиња и “Суда” – обемната византиска историска енциклопедија на древниот средоземноморски свет од 10 век. Овие извори директно потврдуваат постоење античкомакедонски зборови, кои имаат распознатлива слична, или речиси иста форма и во современиот македонски јазик. Денешниот македонски јазик, иако е со највисок процент балканизиран јазик, ја задржал својата жива и непрекината врска со античкомакедонскиот јазик, што се согледува не само од се уште зачуваните иако скудни лексички слоеви, туку и кога ќе се анализира на ниво на колективна лингвакултура, кога ќе се имаат предвид и обичаите, легендите, зачуваните поетско-прозни записи, традициите!
Античките Македонци постелата на ногарки ја нарекувале крават(ос), што е слично како денешниот збор кревет; бранот го означувале со зборот далаган, што е слично со нашиот збор далга; за води го користеле зборот веди; за гранка велеле гаркан; за глава –гавалан; за гуде – готан; за клинец (ексер) велеле ескор; за аргати велеле еркети; за водач на војската имале збор „тшелнику“, што е речиси идентично и со современиот збор челник. Античкомакедонскиот збор дарвлос има директно значење на денешниот македонски збор дрво, кој има употреба на поголем дел на некогашната севкупна македонска етнојазична територија. Постојат и повеќе други вакви примери.
Фрау Бербок, Ескобар, вие кој македонскиот народ го обезименувате како „Православен народ од * Македонија“, еве ви директни научни докази кој народ се Македонците!
Фрау Бербок, само 169 македонски Бугари се пријавиле за гласање за претстојните парламентарни избори во Бугарија и вие сте дошле во Македонија да не убедувате дека треба да се става оваа минорна бројка како „бугарски државотворен народ“ во Уставот?! Се пријавиле за гласање во Германија дури 3.289 Бугари, цел еден „бугарски државотворен народ“ во „вашата земја“, па еве ви повод веднаш најпрвин вие да пристапите кон промена на вашиот Устав и да им создадете уште една сојузна држава во рамки на вашата Сојузна Република Германија!
Кога го споменувам Уставот на Германија, сакам да ги повторам неколкуте куси согледувања од мојата анализа на овој највисок правно-политички акт. Во преамбулата на Уставот на Германија не се наведува никаков друг народ, ниту етничка заедница, туку само и исклучиво германскиот народ. Покрај другото, во таа преамбула пишува: „…германскиот народ во остварување на својата уставна власт го донесе овој Основен закон. Германците … ги постигнаа единството и слободата на Германија во слободно самоопределување. Овој основен закон така се однесува на целиот германски народ.“
Зошто само германскиот народ да има право „да ја извршува својата уставна власт“, а македонскиот народ да нема право да ја извршува својата уставна власт во сопствената суверена држава Македонија? Зошто само германскиот народ да има право на слободно самоопределување, а македонскиот народ да нема такво право, туку да мора „слободно да се самоопределува“ како „новоосознаени и благонадежни Б’лгари“, што е целта на промените на Уставот?!
Во Поглавјето 1 на Уставот на Германија под наслов „Основни права“ – член 1 се наведува: (1) Човечкото достоинство е неповредливо. … Да се почитува и да се заштитува ќе биде должност на сите државни органи; (2) Германскиот народ затоа ги признава како неповредливи и како неотуѓиви човековите права како основа на секоја заедница на мир и правда во целиот свет.“
Зошто исто како и „неповредливото човечко достоинство“ на Германците така не се третира и правото на „неповредливост на човечкото достоинство“ и на Македонците, кое право ќе биде во апсолутна смисла повредено и тоа критично, ако би влегле Бугарите во македонскиот Устав?! Зошто Аналена Бербат и другите германски политичари не им ги признаваат и на Македонците како неотуѓиви и нивните права на мир и правда како што се обврзани согласно со Уставот на Германија, настојувајќи неправедно да се бугаризира македонскиот Устав?!
Фрау Аналена Бербок, нема потреба повторно да доаѓате во декември годинава во Македонија со ѕвездичка пред нејзиното име, за да ги преконтролирате Македонците со ѕвездичка пред нивното име, знајте, не ни се потребни ниту покровители, ниту господари! Македонците 500 години живееја под турското ропство на Султанот во Цариград, а сега не ни треба ново европско ропство под ЕУ-Султанот од Брисел!
Длабоко се надевам и очекувам од Амбасадата на Германија да ви ги преведат и да ви ги пренесат овие пораки од Македонскиот народ со Сонцето од Кутлеш пред своето име вам, на вашиот канцелар Олаф Шолц и на вашиот претседател Франк Штајнмаер!





