ЕСМ месецов ќе набави 16 илјади мегават часови повеќе од планираното за да го задоволи недостаток на електрична енергија. Наместо планираните 48 илјади мегават часа, државни електрани само за овој месец планира да набави 64 илјади мегават часови електрична енергија.
Оттаму информираат дека досега купени се 40 600 мегават часа, за што платиле нешто повеќе од 16 милиони евра.
А, ЕСМ конечно и на сајтот ги објави сите набавки кои се направени до 18ти месецов. Струја се купува просечно по цена од над 400 евра за мегават час од четири компании.
Зголемените набавки државни електрани ги правдаат со тоа што од први декември под своја „капа“ ги земаа фирмите од прехранбениот сектор, училиштата, водостопанствата како и други потрошувачи.
За овој месец планирано е да потрошат вкупно 25 милиони евра за увоз на струја.
Надлежните се надеваат дека во текот на месецов сите домашни енергетски објекти ќе работат со максимален капацитет и така ќе се намалат набавките.
Инаку за сега на мрежа се вратени термоелектраните Осломеј и Неготино, РЕК Битола работи со два блока, бидејќи се уште се чека трансформаторот од Турција за да проработи и третиот блок во комбинатот.





