Французите му вратија на Макрон: „Ќе те распаметиме“

Големи протсети се одржаа вчера во Франција во знак на револт по новото заострувањена анти-ковид мерките и по изјавата на претседателот Емнануел Макрон дека ќе ги нервира невакцинираните се додека не прифатат да бидат вакцинирани.



„Навакцинираните се неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани“, изјави пред неколку дена Макрон.

На ова демонстрантите вчера возвратија во ист стил и му порачаа дека ќе го „изнервираатт“ претседателот.

Fранцуските власти соопштија дека повеќе од 105.000 луѓе учествувале на протестите низ целата земја против воведувањето на нова пропусница за коронавирус. Со новиот предлог-закон всушност ќе ги забрани невакцинираните лица да се појавуваат во јавност.

Претставници на Министерството за внатрешни работи соопштија дека 34 лица биле уапсени, а околу 10 полицајци биле повредени откако протестите на некои места станале насилни.

Демонстрантите носеа транспаренти со порака „Не, за вакцина пропусниците“, како одговор на притисокот на Макрон законски да се бара доказ за вакцинација за влез во затворени простори како кафулиња, барови и музеи.

Протести исто така имаше и на улиците и на други француски градови, меѓу другите и во Марсеј, Нант и Ле Ман, наведува Ројтерс.

Демонстрантите го обвинуваат Макрон дека ги гази нивните слободи и нееднакво ги третира граѓаните, а францускиот претседател порача дека слободите носат одговорност која вклучува и заштита на здравјето на другите.

Франција во петокот, по втор пат во една недела, забележа повеќе од 300.000 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека хоспитализациите, како и бројот на пациенти со ковид на интензивна нега постојано растат, што го става здравствениот систем под голем притисок.