Француската полиција употреби водени топови и солзавец, против илјадници демонстранти кои вчера протестираа против контроверзната пензиска реформа што беше протуркана во парламентот без конечно гласање во Долниот дом.



Демонстрантите, запалија дрвени палети и фрлаа предмети кон полицајците. Во времето на избувнувањето на конфликтот, на плоштадот имаше околу 6.000 противници на пензиската реформа.

Телевизијата Франс Инфо, цитирајќи полициски извори, соопшти дека 217 лица се уапсени додека избувнале немири на Плас де ла Конкорд во центарот на Париз, во близина на местото за состаноци на Долниот дом на парламентот.

Француската влада вчера попладне одлучи во последен момент да ја спроведе најважната реформа на претседателот Емануел Макрон, која предвидува постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Во процедурата владата го заобиколи Долниот дом на парламентот, Националното собрание, каде резултатот од гласањето беше на прагот за донесување одлука.

Постои посебен член во францускиот устав кој и дозволува на владата да го прави тоа. Реформата се уште може да се отфрли со гласање недоверба на владата.

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен најави дека ќе поднесе барање да се гласа за доверба на Владата. 

Протести избија и во други француски градови, а синдикатите повикаа на нов национален ден на штрајкови и протести кои ќе се одржат на 23 март.

Протести избија и во други француски градови, а синдикатите повикаа на нов национален ден на штрајкови и протести кои ќе се одржат следниот четврток. Милиони луѓе веќе излегоа на улиците против предложената реформа.