Откако загуби речиси 14 милијарди долари за само еден ден, Џеф Безос повеќе не е најбогатиот човек на светот.
„Тронот“ го презеде Французинот Бернард Арно чие лично богатство е проценето на 192,9 милиојарди долари.
Арно поседува 47% од акциите на компанијата „LVMH“, која под еден покрив собира познати брендови како „Луј Витон“, „Кристијан Диор“ и „Тифани“, наведува порталот на магазинот „Форбс“.
Арно и Безос се сменија на првото место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ беше на врвот во последните 50 дена.
Францускиот милијардер го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година.







