Француски ,,Шарли Ебдо”: Македонците не попуштаат, не ги интересира ни северна ни јужна

Францускиот весник Шарли Ебдо кој е познат како медиумот кој со своите сатирични коментари за Алах беше цел на напад од муслимански радикали, објавува репортажа за Македонија која е заглавена пред влезот во Европската Унија а вината се гледа кај нејзините соседи кои сакаат да го растргнат идентитетот на државата.



,,Да се дојде во Скопје во јуни 2022 година значи да се посети главниот град чии жители го сметаат официјалното име на нивната земја за историски абсурд и навреда. Официјално, ние сме во Северна Македонија, име наметнато од Европа и меѓународната заедница по договорот потпишан во 2019 година за ставање крај на спорот меѓу Скопје и Грција. Меѓутоа, жителите, барем Словените од православна вероисповед, не попуштаат: тие се Македонци и живеат во Македонија. Ниту од северна ниту од јужна: во Македонија. И тие се народ, со свој јазик и своја историја која датира од славната антика.

Но, соседните Грција и Бугарија го оспоруваат поимот за посебен македонски идентитет. Последица: Северна Македонија, кандидат за влез во Европската Унија од 2004 година не доби почеток на преговори за членство во ЕУ откако Бугарија стави вето”, пишува францускиот весник познат како сатиричен медиум но во случајов со сериозна репортажа за Македонија.

https://charliehebdo.fr/2022/06/international/macedoine-le-pays-qui-ne-veut-plus-etre-en-morceaux/