Францускиот ракометар Елохим Пранди (23), кој е меѓу повиканите репрезентативци во националниот тим за настап на претстојното ЕУРО 2022, е избоден со нож на новогодишната ноќ, но е вон животна опасност, објави неговиот клуб ПСЖ.
„Елохим Пранди беше жртва на насилен напад во Париз во текот на новогодишната ноќ. Нанесени му се неколку убодни рани со нож. Играчот во моментов е во болница и неговата состојба не предизвикува загриженост“, се наведува во клупското соопштение.
Левокрилниот ракометар има десет настапи за францускиот тим и беше сигурен патник на Европското првенство што ќе се одржи од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка, а го пропушти првиот дел од подготовките поради позитивен тест на коронавирус.
Франција е во група со Хрватска, Србија и Украина. Извор Лидер






