Француски македонистки со малку позната песна за Делчев на парискиот лекторат (ВИДЕО)

Македонската народна песна за војводата Гоце Делчев одекна среде Париз, Франција!



Малку познатата песна за апостолот на македонската револуционерна борба ,,Леле Јано” беше дел од репертоарот на концертот на Гаел Лекок и Анета Жорж со кој почна меѓународниот симпозиум на ИНАЛКО (Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации) по повод 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз.

На симпозиумот беа презентирани излагања и споделени согледби од истражувања и дискусија со почитувачи на македонистиката од седум странски држави.

Според учесниците се работи за уште една можност на која одекнаа македонските книжевни и културни вредности и научните вистини за македонистиката.

Со пораки и решеност за натамошни вложувања во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура, на тркалезната маса за македонистиката во Франција беше заокружен меѓународниот симпозиум по повод половина век Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО.

Учесниците меѓу кои македонисти од Македонија и странство како и членови на МАНУ со порака дека оствареното во минатите 50 години обврзува.

,,Кадрите што искажуваат желба и подготвеност да се вложат себеси во натамошниот развој на македонистиката се иднината. Во нив треба заеднички да вложуваме, за во годините и децениите пред нас, кон досегашните постигнувања да се надоврзат нови. Иднината треба да ја создадеме во сегашност”, се вели во пораката од настанот во чест на 50 години македонски јазик на ИНАЛКО.

Линк од настанот на Фејсбук

https://fb.watch/jtFicd5sBf/

Текстот од песната за Делчев

Леле Јано
Леле Јано, леле мила ќерко,
а што седиш везден на ѓерѓефот?
А што седиш везден на ѓерѓефот,
а што везеш свилена марама?

Леле мајко, леле стара мајко,
не си везам свилена марама.
Не си везам свилена марама,
тук си везам македонско знаме.

Да се сторам млада комита,
да покријам млад Делчев војвода.
Да покријам Делчев војвода,
тој загина за Македонија,
за Македонија.