Француски филозоф го предлага Салман Ружди за „Нобелова награда“

ПИСАТЕЛОТ Салман Ружди, кој беше хоспитализиран во тешка состојба по нападот со нож во САД, треба да ја добие Нобеловата награда за литература, прадлага францускиот филозоф Бернар-Анри Леви во написот за „Журнал ду диманш“.



„Мислам дека ниту еден писател денес не го заслужува тоа повеќе од него. Кампањата започнува сега“, напиша Бернар-Анри Леви.

Ружди бил нападнат со нож во петокот во Њујорк.

Иран издаде фатва против него во 1989 година и побара негова смрт, една година откако ги објави „Сатанските стихови“.

„Тој писател, казнет за пишување слободни текстови и ослободување текстови триесет години, заслужува награда“, оценува Леви во долгиот текст насловен „Бесмртноста на Салман Ружди“.