Франсоа Лефон, советник на вицепремиерот за европски прашања, испратен од Француската влада, во интервју за МИА вели дека ЕК би требало да ја претстави новата методологија во јануари, а усвоена во март од членките на ЕУ, а дасло Македонија ќе добие датум во мај или мај зависи дали земјата разбрала што им е важно на земјите членки.



Новата методологија треба да донесе поголема извесност на процесот на пристапување, односно отворањето на преговорите да води до членство во ЕУ , вели францускиот експерт кој живее и работи во Скопје.

„Нема причина да почнете преговори и да кажете: „Нема проблем, нека потраат 10-15 години, не е важно.“ Важно е. Затоа што ја поткопувате способноста на ЕУ да го почитува предлогот и надежта на народот. Отворањето преговори треба да значи дека ќе бидете член на ЕУ, а не само да се отворат колку да се рече: „Добро, одиме полека, 10-15 години, не ни е гајле.“ Тоа не е целта на новата методологијa,“ нагласува францускиот експерт.

Целта е, посочува тој, да добиеме датум, a потоа да продолжиме со реформите, модернизацијата и подготовката на земјата за подобра иднина.

Од гледна точка на француски експерт, има време и во услови на техничка Влада Парламентот во преостанатите речиси два месеца да испорача конкретни резултати.

„Сè уште ќе има време за добри решенија и напредок во одредени области. Ако навистина сите политички партии се за членство во ЕУ како што велат, треба да се способни да се договорат околу реформите за да ѝ докажат на Европската комисија дека се посветени на доброто на земјата. Инаку, ќе видиме дека ова се само политички игри, и една од причините што не го добивме Законот за СЈО. Опозицијата не сакаше да му даде на мнозинството таков подарок пред изборите. Двотретинско мнозинство не беше можно. Ако партиите се посветени на европскиот пат, ќе сфатат дека овој момент е поважен од нивните политички игри. Па дури и со техничка влада би можеле да направиме некои работи. Во врска со Антикорупциската комисија, на пример. Сите знаеме дека на комисијата ѝ недостасуваат човечки ресурси и буџет,.

Ако добивањето датум за преговори е навистина главната цел во последните две-три години, сите треба да придонесат, порачува експертот Лефон, во интервју за МИА.