Амбасадорот на Франција во Софија, Жоел Мајер порача дека Франција внимателно следи што се случува меѓу Софија и Скопје.



Радев му се испожалил на Макрон од Македонија

„Како прво, ние целосно се солидаризираме со Бугарија во нејзината желба да ги расветли сите околности околу нападот врз секретарот на клубот во Македонија, Христијан Пендиков, а исто така ги поддржуваме македонските власти во нивните напори да не се повтори ова.“, изјавил Мајер за бугарската ТВ 1, пренесе БГНЕС.

Мејер вели дека Париз одржува контакти со двете земји.
Помеѓу двајца партнери кои потпишале пријателски договор, важно е да се воспостават механизми за спречување на ваков вид инциденти. И важно е каков механизам се воведува за да не се повтори тоа“, додал Мајер.

„Во моментов, важно е демократски избраните влади да ги преземат сите мерки за да се најде рационално објаснување за причините што наведуваат некои луѓе да се приклучат кон радикалните движења и да се најде лекот за нив“ – вели амбасадорот.