Француската полиција трага по лицето што ја подметна вчерашната експлозија во центарот на градот Лион во која има најмалку 13 повредени лица.
Претседателот Емануел Макрон ја оквалификува експлозијата како „напад”.
Според
париски „Монд”, кои се повукуваат на изворите од истрагата, повредените не се
во животна опасност, додека антитерористичката единица од Париз ја презела
истрагата за експлозијата.
Полицијата
трага по маж поради сомневање дека оставил велосипед со пакет бомба во близина
на пекарница каде се случи експлозијата, објави Монд.
Осомничениот кој возел велосипед бил снимен од камерите за видео надзор.како околу 17 часот на улицата Виктор Иго во пешачката зона на Лион ја остава бомбата и заминува.
Лицето е на возраст од околу триесетина години, при оставањето на бомбата неговото лице било покриено.
Експлозивната направа била направена рачно со шрафови и шајки.





