Еден 69-годишен Македонец, со потекло од Битола, кој се враќал од престојот кај неговата ќерка во Лимож, се нашол на улица, во парискиот регион, откако му биле украдени парите, документите и телефонот.



Пекарката од Путо, погодена од неговото необично присуство на улицата, се заложила да ги најде неговите блиски, по што неговата приказна се најде на првите страници на повеќе француски медиуми, пренесува 24 инфо.

Пекарката од “Роз де Путо”, Сондес Јеру,најпрво започнала со истражувањето на социјалните мрежи, за да ги најде роднинит, но откако тоа не функционирало побарала од стариот човек да му ја покаже на мапата на светот земјата, а потоа и градот од каде што потекнува.

„Потоа испратив порака, особено до луѓето што живеат во Битола. Од таму имав контакт со роднина кој ми се јави, велејќи дека тие го барат од пред две недели“, додава таа.

Според роднината, старецот дошол кај својата ќерка во Лимож и кога се враќал во Македонија, требало да лета од Бове за Скопје, кога се загубил.