Македонија е портата преку која Христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел христовото учење, изјавил папата Франциск на брифингот со новинарите за време на летот од Скопје кон Рим.



Говорејќи за најсилните впечатоци од посетата на Бугарија и на Македонија, тој рекол дека „тоа се две тотално различни земји”. Бугарија, според него, е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”, пренесува „Ватикан њуз”.

Коментирајќи го фактот дека Северна Македонија неодамна ја конституирала својата државност, тој изјавил дека таа е симбол за влегувањето на Христијанството кон Западот преку Апостол Павле, кој сакал да оди во Азија, но бил повикан во Македонија.

Извор.Пресинг.Тв