Франција е опфатена со штрајкови и протести откако претседателот Емануел Макрон и владата ги истуркаа плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.



Министерот за внатрешни работи Жерал Дарманин за локалните медиуми изјави дека 1.093 полицајци и пожарникари се повредени од избувнувањето на протестите во март.

Покрај тоа, имало 25.79 вооружени инциденти и 316 напади на јавни згради, изјави тој за неделникот.

Тој не даде информации за повредени граѓани, но рече дека 36 полицајци се под истрага поради сомневање за прекумерна употреба на сила.

Дарманин ги отфрли обвинувањата дека полицајците биле агресивни кон граѓаните и дека употребиле непропорционална сила.

Правото на протест не го вклучува правото на насилство, рече тој.

Полицијата мораше да интервенира кога инаку мирните протести станаа насилни, рече Дарманин.

Протестите, кои беа мирни неколку недели, станаа насилни на 16 март кога владата ја протурка контроверзната реформа без гласање во парламентот.

Синдикатите повикаа на 10-ти национален ден на штрајкови и протести во четврток, а владата не покажува знаци на повлекување.

Штрајковите продолжуваат да го нарушуваат јавниот живот.

На места загрозен е авиосообраќајот и полнењето гориво на бензинските пумпи.