Со 156 гласа „за”, 60 „против” и 14 воздржани Долниот дом на францускиот парламент доцна синоќа го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници.
Горниот дом, Сенатот, претходно веќе усвои таков текст за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата.
Ова доаѓа по викендот во кои имаше масовни протести токму против најавените нови анти-ковид мерки и ограничувањето на слободите на граѓаните.
Според усвоениот текст, нема да има отпуштања на лица кои не се согласуваат на задолжителна вакцинација против коронавирусот. Сепак, на тие вработени им се заканува суспензија на плата.
Вакцината станува задолжителна за медицинските работници, пожарникарите и оние кои работат со стари лица, додека санитарната пропусница (ковид-пасош), односно доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус, ќе биде задолжителна за кафулиња, ресторани, саеми и патувања со авион и воз.
За тој текст треба да расправа Уставниот совет на Франција.







