Ако Москва ги признае двата отцепени региони во источна Украина поддржани од Русија како независни, тоа би било еднакво на „невооружен напад“, предупреди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, цитиран од Ројтерс.



Вчера Долниот дом на рускиот парламент гласаше за резолуција со која се бара признавање на таканаречените Доњецк и Лугански народни републики како „суверени држави“.

Од 2014 година, регионот познат како Донбас е под контрола на сепаратистите.

Двата административни окрузи во Донбас, кои прогласија независност во 2014 година, ја објавија својата желба да се приклучат на Русија во 2015 година. На референдумот одржан кон крајот на 2014 година, претставниците на привремената влада изјавија дека со големо мнозинство го поддржуваат прогласувањето независност.

Досега, самопрогласените републики беа признати од делумно признатата Јужна Осетија, како и од некои земји од третиот свет.

Во последниве години жителите на самопрогласените републики добија руско државјанство, а во ноември минатата година претседателот Путин нареди полесен пристап до рускиот пазар за стоки произведени таму.