Дури 10.561 е бројот на регистрираните случаи на коронавирус во само 24 часа во Франција. .



Ова е прв пат бројот на новоинфицирани во Франција да надмине 10.000, соборувајќи го рекордот поставен во четвртокот, кога властите објавија 9.843 случаи на Ковид-19.

Починале 17 лица со што бројот се искачи на 30.910 од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс.

Во Франција досега се заразени 373.911 лица со коронавирусот.