Над половина милион луѓе се потпишаа на контра-петицијата на интернет, иницирана во Аргентина со која се бара „Франција да престане да плаче“ по финалето на Светското првенство.



„Откако победивме, Французите не престануваат да плачат, се жалат и не прифаќаат дека Аргентина е светски првак“, изјави иницијаторот на петицијата, Валентин Гомес кој веќе собра 570.768 потписи, објави Спорт клуб.мк

Французите се жалат на досудениот пенал по стартот на Дембеле врз Ди Марија за кој тврдат дека не постоел, но и на недостатокот на респект од поедини фудбалери на аргентинската репрезентација, особено голманот Емилијано Мартинес.