Франција нарача повеќе од милијарда маски, претежно од кинески производители, бидејќи ширењето на вирусот не се намалува, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран.
Тој рече дека во Франција неделно се трошат 40 милиони заштитни маски и дека сегашните резерви биле доволни за три недели, пренесува Танјуг.
Франција ја продолжи изолацијата на целата земја до средината на април.
Премиерот Едуард Филип предупреди за тешките денови што претстојат, а се очекува нов бран на инфекции во Париз и северните региони.
Во Франција има повеќе од 37.000 заразени, а починале над 2.300 улица.




