Ова е нов црн рекорд за 24 часа од избувнувањето пандемијата во земјата, соопшти министерот за здравство Оливие Веран, додека варијантата на коронавирусот „Омикрон“ продолжува да се шири, пренесе Euronews
Веран на парламентарна расправа рече дека се регистрирани 208.000 заразени лица, наспроти 179.807 заразени вчера.
„Веќе не би го нарекол Омикрон бран, туку би го нарекол смртоноен бран“, рече Веран
Околу 10 отсто од француското население било во контакт со некој што е заразен со вирусот, рече Веран, па дури и вакцинациите веројатно нема да обезбедат соодветна заштита.
„Циркулацијата на вирусот е премногу интензивна“, инсистираше тој. Министерот во понеделникот предупреди дека Франција може да достигне повеќе од 250.000 заразени дневно до почетокот на јануари.






