Франција ќе им дава електрични автомобили на социјално загрозените граѓани

Како една од социјалните мерки, Франција ги помага своите граѓани со поскромни приходи така што ќе им даде на користење – електрични автомобили.



Со оваа мерка, претседателот Емануел Макрон го исполни своето предизборно ветување.

Од 1 јануари, т.н „социјалниот лизинг“ им овозможува на најскромните домаќинства да изнајмат електричен автомобил произведен во Франција или Европа за 100 евра месечно. Поголемите семејни модели чинат малку повеќе.

Околу 25.000 возила ќе бидат достапни за изнајмување оваа година, а амбициите се да се зголеми бројот на електрични автомобили наменети за семејства со скромни примања на 100.000 во 2025 година.

Повеќе од 80.000 луѓе ја изразија својата желба за електричен автомобил субвенциониран од државата веќе во првите часови по пуштањето во употреба на онлајн платформата.

Сепак, системот предвидува само 20.000 возила за 2024 година.