Франција ќе ѝ стави вето на Британија!

Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако најави дека ќе го блокира назначувањето на



Францускиот претседател најави дека има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.

Ова ги налути Британците кои сакаат британскиот министер за одбрана Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО.

„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник Ендрју Бриџен.

Според „Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО, покрај Валас, се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.