„Франција ни дава две фрегати на лизинг.Премиерот Алексис Ципрас неодамна разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и тие се согласија дека двете фрегати ќе ѝ бидат дадени на Грција.Ова не е нешто ново, претходеше целиот процес и тие се подготвени . Ќе биде можно да почнат да пловат во многу краток временски период, во текот на летото“, рече заменик министерот за одбрана, Фотис Кувелис, во петокот во интервју со телевизијата СКАЈ.
Кувелис додал дека Грција не може да влезе во трка за вооружување, но треба да ја зајакне својата одбранбена моќ, пренесува агенцијата АНА-МПА.
Грчкиот весник „Та Неа“ денеска се појави со текст за криизата во Егејското море „Купуваме четири фрегати“ на насловна страница.




