Франција издаде меѓународна потерница за апсење на сирискиот претседател Асад

Француски суд издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад поради обвинувања за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесува Франс прес.Издадена меѓународна потерница за апсење на сирискиот претседател Асад



Извор од правосудните органи кажал за агенцијата Франс прес дека Асад е осомничен и за соучесништво во воените злосторства во нападите, за кои сириската опозиција во обвинува режимот, во кои наводно биле убиени повеќе од 1.400 луѓе во близина на Дамаск во август 2013.

Распишани се и меѓународни потерници за апсење на братот на Асад Махер, фактичкиот шеф на сириската елитна воена единица, и двајца генерали на оружените сили.

Единицата на парискиот суд која се бави со злосторства против човештвото води истрага за наводните хемиски напади во Сирија од 2021 година.