Франција избира претседател

Дванаесет кандидати влегоа во трка за иден претседател на втората по големина економија во Европската унија и единствена европска нуклеарна сила, Франција



Претседателот Емануел Макрон има намера да стане првиот актуелен претседател кој победил на реизбор по Жак Ширак во 2002 година.

Најсериозен противкандидат на актуелниот претседател е Марин Ле Пен, која по трет пат се кандидира за Елисејската палата.

Анкетата во петокот објавена на веб-страницата BFM TV, покажа дека Макрон изгубил уште два проценти поддршка и за него би гласале 26% од Французите, а Ле Пен освоил два проценти и за неа би се определиле 25% од гласачите.

Според сегашното расположение , Ле Пен би освоила 49 отсто од гласовите во евентуалниот втор круг (24 април) против претседателот, што би бил нејзин најдобар „резултат“ до сега.

Изборите почнаа во 8 часот по локално време, а ќе завршат во 20 часот. Набргу потоа се очекуваат и првичните резултати.

Француските прекуморски територии почнаа да гласаат во саботата за да се земе предвид временската разлика, почнувајќи од Сен Пјер и Микелон во близина на брегот на Канада, потоа Карибите, Тихиот Океан и на крајот Индискиот Океан.