Франција го запре Мароко и ќе ја брани титулата против Аргентина

Фудбалската репрезентација на Франција в недела против Аргентина ќе ја брани титулата светски првак по елиминацијата на најпријатното изненадување на мундијалот во Катар, Мароко, совладувајќи го со 2:0.



Двократниот планетарен шампион поведе само по пет минути игра преку Тео Ернандез, а победата ја завери Рандал Коло Муани во 79. минута со својот прв контакт со топката по влегувањето од клупата.

Ова беа први примени голови од противник на Мароканците, кои во претходните пет натпревари на првенството капитулираа само со автогoлот на Најеф Агерд против Канада, па првата африканска селекција во полуфиналето на СП в сабота ќе игра за бронзениот медал против светскиот вицешампион Хрватска.