Француските власти го повикале на консултации својот Амбасадор во Рим поради, како што велат, „напад без преседан од страна на Италија“, стои во соопштението на француското министерство за надворешни работи, пренесува АНСА.
Повод за таквата одлука е потегот на италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо кој објавил на „Твитер“ дека со неговиот пратеник од „Движењето со пет ѕвезди“ во вторникот „скокнале“ до Франција за да се сретнат со лидерот на „жолтите елеци“ – Кристоф Шаленсом и кандидатот на изборите на Европскиот парламент од листата на „РИЦ“, Ингрид Левавасер.
За франција, ова е неприфатлива нова провокација особено твитот на Луиџи до Мајо дека „ветерот на промени преминал преку Алпите“.





