Франција ги затвора границите за сите неевропејци

Од денеска Франција ги затвора границите кон сите земји кои се надвор од Европската унија.



Целта е да се контролира зголемениот број на зарази со коронавирус…пренесуваат агенции.

Таквата одлука била донесена по седницата на Кризниот штаб со министрите и претседателот Емануел Макрон, изјави францускиот премиер Жан Кастекс.

„Секој влез во Франција од земја надвор од Европската унија ќе биде забранет, освен ако постои оправдана причина да се изземе од таа мерка. Оваа мерка ќе стапи на сила на полноќ во недела“, изјавил премиерот.

Патувањето од земјите на ЕУ претходно беше дозволено со негативен тест не постар од 72 часа.