Премиерката на Франција Елизабет Борн објави продолжување на ограничувањето на цените на енергенсите во Франција до крајот на годинава.
Со заштитните тарифи, кои првпат беа воведени во ноември минатата година, цените на бензинот беа замрзнати на ниво од октомври 2021 година, а растот на струјата исто така беше ограничен на максимални 4,0 отсто. Оваа мерка требаше да истече на 30 јуни, но сега е продолжена, јавува порталот connexionfrance.com.
Премиерката Борн рече дека уредбата за продолжување на споменатата мерка ќе биде објавена во наредните денови.
Истражувачкиот центар Бројгл со седиште во Брисел проценува дека Франција ќе потроши 38 милијарди евра за мерки наменети за ограничување на растот на цените.
Француската министерка за енергетска транзиција Агнес Пани-Рунашер рече дека Франција би можела да продолжи без руски гас се додека резервите на течен природен гас (LNG) на земјата се доволни.






