Сто албански државјани биле вратени во Тирана од три земји членки на ЕУ бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на ЕУ или барале азил.
Во акцијата која е реализирана во соработка со Фронтекс вратени се 100 албански државјани, од кои 43 од Франција, петмина од Белгија и 52 од Германија. Станува збор за лица за кои е донесена одлука да ја напуштат француската, белгиската и германската територија, поради кршење на правилата за движење во шенген зоната.
Албанската државна полиција апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци „бидејќи шансите за добивање азил за албанските граѓани се нула“, пренесува весникот „Илинден“-Тирана.
Пред неколку дена 104 албански државјани беа вратени со два чартер-лета од Франција и од Германија: Вратени се 15 лица од Франција, пет од Белгија и 84 од Германија.





