Фракцијата на Села во Алијанса е против влез во владата на СДСМ и ДУИ

Влезот на партијата на Арбен Таравари не мора да значи обезбедување на значително мнозинство во парламентот за владеачката коалиција, тврдат извори во албанскиот политички блок кои се добро информирани за состојбите во албанската опозиција.



Моќна групација во Алијанса за Албанците која важи за блиска на поранешниот лидер на партијата Зијадин Села се противи на влезот на партијата во владата на Ковачевски и Ахмети.

Засега не е познато колку точно пратеници на АА кои не даваат апсолутна поддршка на Таравари би одбиле влез во владата на СДСМ и ДУИ.

Според анализата на блискоста на пратениците со Села се шпекулира дека пратеничката група на АА би можела дури и да се преполови.

Основачот на Алијанса се повлече од челната позиција во партијата по поразот на локалните избори но се уште има сериозна поддршка во партиските структури.

Причините за сомнеж за влез во владата е стравот дека ДУИ за неколку месеци ќе мора да оди на избори и со тоа да ја елиминира АА од власта како и опасноста БЕСА која веќе има поголема доверба кај Албанците да стане убедливо втора најмоќна партија во овој етнички блок.

И покрај тоа што сугестијата АА да влезе во владата била зборувана на втората Тиранска платформа пред десетина дена и таа се гледа како поддршка на обидот да се дојде до уставни измени сепак противниците на планот на Таравари за влез во владата велат дека двотретинското мнозинство за промена на уставот не зависи од АА туку исклучиво од ВМРО-ДПМНЕ со кое ќе се наруши довербата и можното коалицирање по следните избори кои сигурно ќе ги добие Мицкоски.

Со пропаѓањето на Мајскиот договор за владата составена по принципот ,,Победник со победник”, ако Мицкоски добие доволно пратеници не мора да коалицира со ДУИ и ќе може да коалицира само со БЕСА затоа што АА ќе биде дел од власта, велат извори во албанскиот блок кои не го разбираат Таравари и неговата желба да биде со СДСМ и ДУИ откако во 2017 година го понижија кога тој беше министер за здравство за што и самиот даваше јавни изјави.