“Ердоганисти” во Алијанса и Алтернатива контра “Албанската платформа” на ДУИ

Групи блиски на турскиот претседател Таип Реџер Ердоган кои се дел од партиите Алијанса на Албанците и Алтернатива ги отфрлиле петте точки за сеалбанска обединување кои вчера ги предложи ДУИ преку министерот за Евроинтеграции Бујар Османи.



Оваа информација ја објавува аналитичарот и екс амбасадор Арсим Зеколи кој важи за одлично информиран за случувањата во албанскиот блок.

“Про-Ердоган фракциите во Алијансата за Албанците и Алтернатива ги одбиваат петте пилари предложени од ДУИ”, напиша Зеколи на Твитер.

Зеколи во постот не прецизира дали се работи за “Ердоганисти” од Алтернатива за која и предходно имаше шпекулации за блискост со турскиот претседател или пак и во двете партии има луѓе под влијание на Ердоган.

Вчера портпаролот на ДУИ Бујар Османи побара сите албански партии во Макеоднија да ја спроведат таканаречената “Албанска агенда” со која Албанците во Макеоднија ќе можат да ги максимизираат своите гласови во интерес на “Албанската кауза” .

Пред два дена официјалната турска државна новинска агенција “Анадолу” во анализа за постизборните состојби во Македонија меѓу редови порача дека со ДУИ во власта се намалуваат шансите за реформи и битка против корупцијата.

Што предложи ДУИ

“Тиранска” спроведена, следува “Албанска платформа”