(ФОТО+ВИДЕО) Мистериозен молк од МВР за начинот на кој е запалено возилото на брат на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Во својот денешен билтен на настани МВР не открива дека вчера во Струга возилото на братот на пратеникот Јован Јаулевски од ВМРО-ДПМНЕ било запалено со шише со бензин.



Шишето се гледа на видеото и фотографиите што Јаулевски го објави по пожарот.

На едно од видеата се гледа како шишето се уште гори откако напаѓачите го фрлиле по предизвикување на пожарот а на една фотографија гледа веќе изгореното шише.

,,На 11.02.2022 во 21.45 часот во ОВР Струга e пријавено дека било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(36) од Струга. Повредени лица нема, a пожарот е изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга. Увид извршија полициски екипи од ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, пишува во билтенот на МВР во кој не се кажува ништо за причините за пожарот.

Во друг случај на пожар што се случил исто така вчера МВР точно наведува што е причината.

,,На 11.02.2022 околу 13.00 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Старо Чајле, гостиварско, сопственост на Х.Н.. При обид да ја исклучи електричната енергија со повреда се здобила Ф.Н.(40), која била пренесена во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар”, пишува МВР за овој случај.

Слично е и со друг инцидент во Гостивар каде исто така се споменува причината за инцидентот.

,,На 11.02.2022 околу 09.10 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека во населба Циглана во Гостивар, во семејната куќа, Г.С.(45) од Гостивар се здобил со повреда. Според пријавеното од неговата баба, тој се повредил додека ракувал со бормашина, по што е пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гостивар”.

На снимките што ги објавува Јаулевски јасно се гледа дека пожарот на возилото на братот на пратеникот Јован Јаулевски е намерно подметнат со запалива материја во пластично шише.