Фото(коментар) на денот: Крсто, те молам не отворај ја вратата на авионот!

Гане Петров на својот профил на Фејсбук има фото(коментар) на денот за пратеникот Крсто Мукоски, гонет и амнестиран за отворената „врата кон НАТО“ во настаните од 27 април.



„Крсто само немој те молам да ја отвораш вратата на авионот!!!“, напиша Петров над фотографијата на аеродром со еден од осумтемина пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени, спротивно на партискиот став.