Фотографија од Лондон, на која се гледа како Афроамериканец – еден од учесниците во протестот „Црните животи се важни“ – носи повреден белец, го обиколи светот.
Патрик Хачинсон за Си-ен-ен изјави дека видел како човек лежи згрчен на скали опкружен со демонстранти и сфатил дека веднаш треба да го однесе на безбедно место.
Повеќе од 100 лица беа уапсени во саботата на протестите во Лондон против прекумерната употреба на сила на полицијата во САД и по убиството на двајца Афроамериканци во одделни инциденти.





