Ѓубре, нечисти улици, искрешени плочки, демолирани споменици, украдени табли, одвратни пораки со спреј испишани на значајни македонски знаменитости – ваква е силаката во центарот на Скопје, главниот град изгледа како сите надлежни да кренале раце од него, објави Алфа. Доплнително, пишува, е што и не е безбедно да се движи по пешачките патеки кои буквално пропаѓаат. За нехигиената на Скопје реагираат сите, ама прашањето е има ли кој да ги чуе. Граѓаните велат дека главниот град одамна ја нема убавата слика која му доликува.

Последен во низата кој беше исквернавен, беше мостот „Око“ на кејот од Вардар, кој деновиве беше исчктан со недолични пораки. Сега тие се исчистен, ама делумно, иако речиси и да нема споменик кој не е руиниран. Имињата на хероите се офарбани со спреј, а надлежните никаде ги нема да регираат, се жалат граѓаните.

Претходно, и мостот „Гоце Делчев“ беше мета на кражби, од каде исчезна речиси целиот заштитен метал на столбовите од оградата. Алфа праша во Град Скопје, што се случува со оштетувањата на мостовите, но и лошата слика на главниот град, и дали конечно некој ќе реагира, ама од таму барем за сега, нема никаков одговор. Дека мостовите се во се полоша состојба јасно може да се види, па така иако туристите се сликаат со знаменитостите, се чудат како никој не води грижа за нив.

Покрај лошата слика за Скопје, и воопшто за Македонија, и добар дел од државните институции се запоставени и полни со ѓубре. Некои од нив дури немаат ниту натписи со табли. Лошата слика на државните институции ни малку нее за поздравување, па така ако некој дојде од надвор, нема да знае за која инстуција станува збор.





