Фото со овци на амбасадата на САД предизвика хаос на Твитер

Фото колаж во кој има и овци објавен од Твитер профилот на амбасадата на САД предизвика сериозни реакции на социјалните мрежи.



Дел од коментаторите сметаат дека пораката од амбасадата на САД е иронична и навредлива затоа што симболиката на фотографијата се однесува на гласачите кои на социјалните мрежи се третираат како овци.

Во својата порака амбасадата на САД порачува:

“Среќен изборен ден. Тимовите на амбасадата се на терен да го набљудуваат изборниот процес заедно со ОБСЕ, невладиниот сектор, и други меѓународни набљудувачи. Споделуваме ао вас дел од прекрасните места што ги посетија нашите тимови”.

“Happy #ElectionDay! Embassy teams are out today to observe the voting process alongside the #OSCE, civil society, and other international observers. Sharing with you some of the beautiful places our teams got to visit. https://t.co/MJGsa3j11P”