(ФОТО НА НЕДЕЛАТА) Марта и Марко со почит за пра-прадедото партизан Драган (ГАЛЕРИЈА)

Малата Марта Стојковска и малку поголемиот Марко Момировски оддаваат почит на споменикот на нивниот прадедо и прапрадедо Драган Гигоски од селото Јанче.



Ова е текстот под фотографијата на неделата на expres.mk.

Информацијата за поменот за партизанот Драган Гигоски и двајца негови соборци од селото Јанче, кој загинал во 1944 година во кичевско, ја пренесува на Фејсбук новинарот на ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски:

Денеска во неговото родно село Јанче беше одржан Парастос и паметник за Драган Гигоски, партизан, борец на Првата македонско – албанска ударна бригада кој загинал кај селото Туин, кичевско во 1944 година.

Наследниците на Драган заедно со други почитувачи на НОБ и претставници на Сојузот на борци од Дебар и Гостивар оддадоа почит за жртвата што тој заедно со своите соборци, Рафе Јанкуловски и Славе Симоновски од Јанче и други од цела Македонија ја дале пред 79 години.
Драган Гигоски, носител на Партизанска споменица (1922-1944)

Посебна благодарност за Габриела и Pero Momirovski, Марјан, Горан, Коле, Владо, Илинка, Марко, Јованка и сите други што го организираа и помогнаа да се случи сеќавањето за хероите, пишува Момироски на Фејсбук.