Фото на денот: Заев, Пендаровски и Османи – дно

Социјалните мрежи се преплавени од фотографии од вчерашниот централен предизборен митинг на власта во Скопје со незгодна коинциденција за премиерот Зоран Заев, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и вицепремиерот Бујар Османи.



Тројцата стојат зад транспарент со слоганот на кампањата „Заедно напред“, но зад последните три букви од првиот збор, кои споени имаат сосем поинакво значење.