„Двајца шампиони“ би бил насловот на фотографијата на денот на која се светскиот првак во ултимејт фајт Александар „Велики“ Волкановски и кошаркарската легенда Скоти Пипен.



Австралиската спортска ѕвезда со македонско потекло по татко му Тоде од битолското село Беранци ја сподели на социјалните мрежи дружбата за маркетиншки цели со едно од најдобрите ниски крила во историјата на кошарката, соиграч на Мајкл Џордан во Чикаго Булс, со кој освоија шест шампионски прстени во НБА-лигата.