Гордоста на светскиот шампион во ултимејт фајт Александар „Велики“ Волкановски од Австралија на своето македонско потекло ја отсликува и фотографијата на денот, во која со ќерките Аријана и Арли позираат во дресови на фудбалскиот клуб Младост од битолско Беранци, родното село на татко му Тоде.
На 30 август Волкановски и неговата сопруга Ема, со која се во брак од 2012 година, добија уште една ќерка, на која ѝ го дадоа името Рејн (владее) во чест на серијата победи во УФЦ на некогашниот рагбист, кој нема пораз во категоријата до 66 килограми.
Младост од Беранци се натпреварува во Општинската А2 лига.





