Наместо порака за ограничување на брзината на 50 км/ч, за температурата на воздухот, евентуално за застој во сообраќајот или за затворени улици, возачите на влезот во Скопје ги пречекува „радосна вест“.
„Денес Скопје е главен град на членка на НАТО!“, наизменично на македонски и на албански јазик известува електронската табла на влезот во главниот град пред Автокоманда.
Додека Македонија и светот се преокупирани со ширењето на коронавирусот, Скопје не остава да помине незабележана ратификацијата и во Шпанија на Протоколот за македонското членство во Алијансата, со што процесот се заокружи и „нашата земја“ стана 30. членка.






