Фото на денот: Реакција на ТВ-дуелот Заев – Мицкоски

Телевизискиот дуел меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предизвика најразлични реакции, меѓу кои и оваа од фотографијата на денот.



Преземена е од Фејсбук-профилот на режисерот и писател Александар Русјаков и стои под неговиот коментар за „Дуелот на деценијата“, како што го најави Канал 5: „’Прав Северџанистанец не мрчи и не се титерави, туку начучулеен инсулира’ Зен Заевизам“.