Фото на денот: Првпат на увид еден од донираните македонски „сухои“ на Украина

Благодарејќи на Твитер-налогот „Јукреин вепонс трекер“, еден од четирите борбени авиони „сухој“ што Македонија ѝ ги подари на Украина првпат осамна во јавноста по модернизацијата.



„Украина: За прв пат е сликан поранешен северномакедонски ‘Су-25’ во операција со 299. Тактичка воздухопловна бригада.

Овој авион, ‘Блу 51’ (09015), беше испорачан во пролетта 2022 година и е надграден до стандардот Су-25М1(К) во Украина. Порано тоа беше Су-25 ‘121’“, пишува во твитот.