Фото на денот: Македонски штитови изработени од последниот кичевски казанџија

„Балканот низ времето“ е насловот на изложбата на средновековни штитови, меѓу кои и со (древно)македонски мотиви, изработени од последниот кичевски казанџија Коста Галиманоски, отворена вечерва во холот при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.



Галиманоски е седма генерација казанџија од неговото семејство, кое овој занает го негува 160 години. Дуќанот каде што работи Коста е стар повеќе од 100 години. Тој не е само занаетчија, туку и казанџија со факултетска диплома, што му помага да го дополнува она што претходно го научил од своите татко, дедо и прадедо.