Браќата Џош и Ник Дајкос, синови на Питер (Петар) Дајкос, Македонец со потекло од леринското село Баница (Веви на грчки), со освојувањето на шампионската титула во Австралиската фудбалска лига (АФЛ) со тимот на Колингвуд продолжија по стапките на својот славен татко, кој во истиот дрес стана првак во 1990 година.
Питер Дајкос, член на Куќата на славните во АФЛ, познат по прекарот Macedonian marvel (Македонско чудо), ја сподели радоста за победата на Џош и на Ник со Колингвуд против Бризбејн лајонс во финалето на лигата во Мелбурн.
АФЛ го искористи прекарот на Питер за легенда на заедничката фотографија на официјалната страница на лигата на Фејсбук, заедно со македонското државно знаме.





