Љубовта на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу кон Македонија ја потврдува фотографијата на денот од Јапонија, во која претседателот на Токиската опера, кој отпеа десетици македонски народни песни и ги постира на својот канал на Јутјуб, позира покрај пратка од својот омилен пијалак – македонско вино.
„Мојата надеж е да бидам камениот мост меѓу Јапонија и Македонија“, напиша тој во објавата на Твитер.





