Македонскиот кардиолог Сашко Кедев пред два дена се искачи на Анапурна (8.091 м), а во фотографијата на денот е со шал со натпис „Македонија“ на десеттиот највисок планински врв во светот.
Анапурна е уште еден во низата подвизи на 60-годишниот член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), кој ги има искачено сите највисоки врвови на сите континенти, а на 19 мај 2009 година стана третиот Македонец што стапна на „покривот на светот“ Монт Еверест (8.848 м).






