(Фото): „Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“ – На мостот пред Археолошки музеј испишани антимакедонски пораки

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј. Синоќа е вандализиран мостот „Око“ со антимакедонски пораки.



Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.

МВР вчера утврди дека 21-годишниот кој го вееше знамето на така наречена „Голема Албанија“, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти е германски државјанин. Полицијата еден месец работеше на утврдување на идентитетот на вејачот.